Хувентуд убедливо победи со 91-72 на гостувањето кај Бахчешехир Колеџ Истанбул во натпревар од Еврокупот, а еден од подобрите поединци во шпанскиот тим беше македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ.
Нено во триумфот на тимот од Бадалона придонесе со 13 поени, 8 асистенции и три украдени топки за 20 минути игра. Димитријевиќ беше втор стрелец во Хувентуд, зад Анте Томиќ, кој даде 21 поени, а заедно со Феран Басас беа најдобри асистенти.
По три кола во групата А, Хувентуд е лидер на табелата со максимални 6 бода. Во следното кол, каталонскиот тим игра дома, против Умана Рејер од Венеција.