Валенсија и Хувентуд се блиску да постигнат договор околу услугите на Ненад Димитријевиќ. Македонскиот плејмејкер треба да стави потпис на повеќегодишен договор со Лилјаците, а потоа да остане во редовите на тимот од Бадалона и во следната сезона како позајмен играч.
На тој начин 22-годишниот Димитријевиќ ќе има можност да добива повеќе минутажа во Хувентуд отколку што би добивал во Валенсија, а воедно повторно ќе го гледаме во Еврокупот. Изминатата сезона нашиот репрезентативец бележеше просек од 8 поени во шпанската лига, додека во Еврокупот со 11,9 поени по натпревар беше најефикасен играч од составот на Хувентуд.
Како белешка за добрите партии, Димитријевиќ беше избран во најдобрата млада петорка во Ендеса лигата.