Димитриоски: Сонувам настап на Мундијалот

Димитар Димитриоски е еден од дебитантите во македонската ракометна репрезентација што имаат шанса да настапат на Мундијалот во Германија и Данска и вели дека е пресреќен што се најде на списокот на селекторот Раул Гонзалес.

„За секој спортист, настапот за својата репрезентација е нешто свето и остварување на сонот. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата и дека ќе имам шанса за настап во Минхен, а ќе дадам сè од себе за да се прикажеме во вистинско светло“, вели членот на Металург.

Од денеска, со првиот собир на репрезентативците означен е и стартот на подготовките за Мундијалот во Германија и Данска.

Првата фаза по групи Македонија ќе ја игра во Минхен, а за нас Светското првенство почнува на 11-ти јануари, со дуелот со Јапонија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести