21.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Димитров го „газеше“ Синер, па го предаде мечот поради повреда

Бугарскиот тенисер Григор Димитров беше на прагот на најголемата сензација на Вимблдон, но повредата го спречи да го елиминира најдобриот светски тенисер во моментов, Јаник Синер.

Димитров имаше водство од 2-0 во сетови (6-3 и 7-5), но при резултат 2-2 во третиот сет мораше да го предаде мечот поради повреда. Бугаринот се повреди на сервис, па ниту медицинската интервенција не му помогна и мораше да го предаде натпреварот.

Истовремено, ова се лоши вести и за Новак Ѓоковиќ, кој ќе имаше далеку полесен пат до финалето, па вака доколку победат и Србинот и Синер, ќе играат во полуфиналето на Вимблдон.

- Оглас -

Најнови вести