Бугаринот Григор Димитров не можеше да го заврши мечот против Френсис Тијафо на Отвореното првенство на САД, но ниту тој не знае што го мачеше и зошто мораше да се предаде.
„Мислам дека тоа беше комбинација од неколку работи, изгледа не бев доволно одморен по претходниот меч со Рубљов. Чувствував нешто и пред натпреварот. Не сакам да ја омаловажувам победата на Френсис. Ме натера да се обидам да трчам и да работам дополнително, заслужува признание“, рече Димитров.
Се чинеше дека проблем му прави бутот, а можеби е и колкот.
„Не можам точно да одредам. Треба малку да се олади ногата, па да видам што е работата, скенирањето ќе покаже“, додаде популарниот Гришо, кој му предаде меч и на Данил Медведев на Вимблдон.