Бугаринот Григор Димитров станува „криптонит“ за шпанскиот супертенисер Карлос Алкарас, вторпат по ред го победи во меѓусебните дуели, овојпат во Мајами, каде што Алкарас беше прв носител и ја бранеше титулата од лани.
Димитров славеше со 6-2, 6-4 и ќе игра во полуфиналето против Александер Зверев, додека другата полуфинална двојка е Медведев – Синер.
Алкарас призна дека целосно бил надигран.
„Тој одигра одличен тенис, речиси перфектен. Не најдов никакви решенија против него. Многу сум разочаран, тој ме натера да се чувствувам како 13-годишен“, беше коментарот на Алкарас.
Погледнете го најубавиот потег на Димитров на мечот, по кој и Алкарас му аплаудираше:
https://twitter.com/i/status/1773532769190129856