24.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Димитров ќе се обиде да го запре неверојатниот Синер во финалето на Мастерсот во Мајами

Бугарскиот тенисер Григор Димитров ќе игра во финалето на Мастерсот во Мајами откако во второто полуфинале го победи петтиот светски тенисер, Александер Зверев.

Димитров за 159 минути игра со три сета и тоа со 6:4,6:7,6:4 го совлада Зверев и си закажа меч за титулата со неверојатниот Јаник Синер кој во првото полуфинале во дозволи на Данил Медведев да освои само три гема.

https://twitter.com/TennisTV/status/1773889987798237204

 

Во првиот сет и двајцата тенисери сервираа одлично, дозволија да има само две брејк топки, и токму втората беше одлучувачка за сетот. Димитров првата брејк топка ја имаше во десеттиот гем и ја искористи за водство од 1-0 во сетови.

Во вториот сет немаше премногу возбудувања, двајцата тенисери сервираа одлично и не дозволија ниту една брејк топка, по што мечот го однесоа во тај-брејкот каде како да заборавија да сервираат.

Зверев беше поуспешен во одлучувачкиот гем со 4:7 во кој беа направени дури седум мини-брејкови. Зверев со два мини-брејка поведе со 1:3 и предноста ја задржа до крајот на гемот и мечот го однесе во одлучувачкиот трети сет.

Во него, повторно имаше само еден брејк кој го направи Димитров во седмиот гем кога поведе со 4:3 и потоа предноста ја чуваше до крајот за триумф од 6:4 и пласман во финалето.

- Оглас -

Најнови вести