Најдобриот тим во источната конференција на НБА лигата, Милвоки бакс, претрпе болен пораз на свој терен, со што запре низата на Елените од 16 победи едноподруго. Иако имаа 14 поени предност после три четвртини игра, Бакс не успеаја да ја победат Филаделфија, која направи пресврт во финишот и победи со 133-130.
Џејмс Харден со 38 и Џоел Ембид со 31 поен, беа творци на победата на 76-ките. Од 12-те погодени шутеви од поле на Филаделфија во последната четвртина, Харден во девет учествуваше со свој поен или асистенција. Од 1965 година наваму се немаше случено двајца соиграчи од Филаделфија на ист меч да имаат барем 30 поени и 10 асистенции, а Харден и Ембид успеаја.
За Милвоки ова е прв пораз од 21-ви јануари наваму.
Ова се клучните тројки на Харден и Ембид кои го донесоа пресвртот во Милвоки:
https://twitter.com/i/status/1632230724786061312