Динамо Загреб уште еднаш покажа дека е меѓу најмоќните фудбалски екипи на територијата на поранешна Југославија, ако не и најсилна и со 3:0 ја декласира Шкендија од Тетово на подготовките во Словенија.
Јосип Дрмиќ ја здрма Шкендија во 16. минута и го постигна првиот гол за загречани, како ново засилување од Риека.
Динамо доминираше до последната секвенца од првото полувреме, а потоа Шкендија се разбуди и имаше солидни шанси преку Елези и Рамадани и да израмни.
Во второто полувреме македонскиот тим прими уште два гола и загуби убедливо. Динамо Загреб е можен ривал на Шкупи во второто квалификаациско коло за настап во Лигата на шампионите.
За двомеч со хрватскиот првак на македионскиот шампион му треба да биде поуспешен од Линколн Ред Импс од Гибралтар во стартната филтер рунда.
За Динамо денеска против Шкендија по едно полувреме играа македонските репрезентативци Аријан Адеми во првото и Стефан Ристовски во второто.
Во пријателски меч од 18 часот Македонија Ѓорче Петров одигра 1:1 со Љапи од Косово.