1011 Норвич – Хадерсфилд (Чемпионшип, Англија, 20.45 часот)
Двете екипи се рангирани во кругот на главните кандидати за пласман во Премиер лигата, но како што почнаа, поблиску им е битката за опстанок.
Канаринците, кои испаднаа од Премиер лигата во минатата сезона, се разочарување по три меча во Чемпионшип и се на последното место само со еден бод.
Ниту Хадерсфилд не почна како што се очекуваше. По стартните два порази, дури во третото коло успеа да победи.
Популарните Териери во самиот финиш на ланската сезона го загубија најскапиот меч на планетата, финалето од плејофот за влез во Премиер лигата со пораз од Нотингам форест.
Сега пак ќе сакаат да атакуваат на посвисок пласман, исто како и Норич, чија цел е експресен камбек, па ќе гледаме голови на „Кероу Роуд“.
Предлог тип: ГГ (2.01)
1012 Барнли – Хал (Чемпионшип, Англија, 20.45 часот)
Барнли го чека Дарко Чурлинов и ја чека и првата победа на домашен терен како второлигаш.
Кларетс по долга низа настапи во Премиер лигата испаднаа во ланската сезона, па сега бараат чаре како одма да се вратат во највисок ранг.
Го чекаат и пристигнувањето на нашиот репрезентативец во клубот, но договорот што беше сигурен, сега се одолговлечи, иако Винсан Компани тврди дека Чурлинов ќе игра за Барнли.
И Хал беше премиерлигаш пред неколку сезони, па ќе гледаме дуел на поранешни прволигаши и ќе типуваме на победа на Барнли.
Предлог тип: 1 (1.65)
6044 Глазгов ренџерс – ПСВ Ајндховен (Квалификации за ЛШ, 21 часот)
Шкотскиот рекордер со 55 титули и холандскиот гигант си имаат интересно ривалство кое започна во 1978 година, кога двете екипи за првпат играа меѓу себе во тогашниот Куп на Европски шампиони.
Шкотскиот тим има повеќе успех во меѓусебните дуели и три победи на шест меча, ПСВ славеше еднаш, а двапати одиграа нерешено.
Последен пат играа во Лигата на Европа пред 11 години, а сега ќе се игра исклучително важен двомеч за настап во Лигата на шампионите.
ПСВ беше европски првак во 1988 година, а Глззгов ренџерс е без титула во КЕШ или ЛШ, но, секако, амбициите на двата клуба се да играат со елитата и за тоа им требаат голови и победи.
Предлог тип: 3+ (1.91)
6716 Бодо/Глимт – Динамо Загреб (Квалификации за ЛШ, 21 часот)
Ова ќе биде многу интересен двомеч на две екипи што играат офанзивен фудбал и даваат, но и примаат многу голови.
Динамо има импресивна серија од 18 меча без пораз и дојде во Норвешка осоколен по големата победа против Хајдук од 4:1 во вечното хрватско дерби.
Популарните Модри имаат навистина добар тим што мајсторски го предводи Аријан Адеми, одлично игра и Стефан Ристовски, а има и топ-офанзивци од калибарот на Оршиќ, Иванушец, Дрмиќ, Петковиќ, Батурина и добар среден ред и солидна одбрана.
Бодо исто така е во победнички тренд со шест триумфи, едно реми и без пораз на седум меча по ред, па се очекува добар прв меч од финалето за настап во Лигата на шампионите и голови во двете мрежи.
Предност на домаќините може да биде теренот со вештачка трева, но Динамо е искусен и многу квалитетен тим и може да му парира на Бодо.
Предлог тип: ГГ (1.56)
6717 Копенхаген – Трабзонспор (Квалификации за ЛШ, 21 часот)
Трабзонспор освoи титула во Турција по пауза од 38 години и ќе сака успехот да го круниса со настап во фаза по групи во Лигата на шампионите.
Копенхаген има искуство со настапи во Лигата на шампионите и е единствениот клуб од Данска што игра во фаза по групи во луксузната лига.
Го рангираат како најдобар тим во Скандинавија, што само повтврдува дека Трабзонспор ќе има тешка задача во двомечот.
На пат за Копенхаген со гостинската експедиција замина и Енис Барди, но тешко е да се предвиди дали веднаш ќе биде стартер, откако пред некој ден потпиша тригодишен договор со турскиот првак.
Наша проценка е дека на „Паркен“ вечерва ќе се игра тврд фудбал, со повеќе голови во второто полувреме.
Предлог тип: 2>1 (2.00)