1140 Форест грин – Брајтон (ЕФЛ куп, Англија, 20.45 часот)
Брајтон почна одлично во Премиер лигата и со две победи, и тоа на гости против фаворитите Манчестер јунајтед и Вест хем, и со реми дома против Њукасл има 7 бода по три кола во горниот дел од табелата.
Галебите ќе сакаат да ја продолжат успешната низа и со победа против Форест грин во Лига купот.
Форест грин игра во Лига 1, што е трето по ранг натпреварување во Англија и е во лоша форма.
Имаат само една победа во четири кола и со четири бода се во долниот дел од табелата.
Брајтон е прсилен во моментов за третолигашот и ќе победи, а типуваме дека ќе има најмалку по еден гол во двете полувремиња.
Предлог тип: 2&1+I&1+II (2.07)
1141 Лидс – Барнсли (ЕФЛ куп, Англија, 20.45 часот)
Ова е сличен меч во ЕФЛ-купот, како и тој меѓу Форест грин и Брајтон, со тоа што премиерлигашот Лидс му е домаќин на членот на Лига 1, Барнсли.
И Лидс е во топ форма и со одличен старт во англиското првенство, со две победи и реми, ќе сака да ја продолжи убавата серија со триумф и против Барнсли.
Домаќините имаат проблеми со повредени играчи и отсутни ќе бидат Ајлинг, Далас, Фирпо, Богуш и веројатно и Бамфорд и Купер.
Сепак, и во ваква ситуација се и подобар тим и во многу подобра форма и ќе победат со голови што ќе ги има и во првото и во второто полувреме.
Предлог тип: 1&1+I&1+II (2.07)
1616 Трабзонспор – ФК Копенхаген (Лига на шампиони, 21 часот)
Голема шанса за првпат во кариерата да игра во Лигата на шампионите има Енис Барди.
Македонскиот репрезентативец одигра 40-тина минути на првиот меч на „Паркен“, што заврши со победа на данскиот првак од 2:1.
Се чини дека тоа е тенка предност за гостување во Турција, особено на „Медикал парк“ во Трабзон, каде што сигурно ќе има луда и френетична поддршка за домашниот тим.
Трабзонспор долго чекаше да биде првак на Турција, дури 38 години, а според нас, сега и ќе игра во фазата по групи во Лигата на шампионите бидејќи има подобар тим од Копенхаген.
Предлог тип: 1 (2.25) Супер тип на Sport Life
6832 Динамо Загреб – Бодо/Глимт (Лига на шампиони, 21 часот)
Динамо објави дека се продадени сите билети за реваншот со норвешкиот првак, што ќе значи дека ќе има голема поддршка од над 20 илјади навивачи.
Бед Блу Бојс ќе даваат ритам од трибините, а Аријан Адеми ќе ги предводи соиграчите на терен кон ново учество во Лигата на шампионите.
Загрепчани имаат негатива од 0:1, но играа на незгоден терен со вештачка трева, па сега на „нормален“ терен треба до израз да дојде квалитетот.
Динамо има подобри играчи, што се многу поценети на трансфер-пазарот од тие на Бодо/Глимт, екипа која продаде неколку значајни адути од ланската сезона и според нас, ќе мора да се задоволи со настап во Лигата на Европа.
Предлог тип: 1 (1.85)
6833 ПСВ Ајндховен – Глазгов ренџерс (Лига на шампиони, 21 часот)
ПСВ Ајндховен и Глазгов ренџерс си имаат интересна и долга традиција на меѓусебни натпревари во еврокуповите, а овој е можеби и најважен досега.
Првиот меѓусебен дуел им е од 1978 година, односно од пред 44 години, а тогаш во осминафинален двомеч Шкотите го елиминираа ПСВ во тогашниот Куп на шампиони.
Сега пак ќе биде интересно, а реваншот ќе почне без предност за двете екипи бидејќи на „Ајброкс“ беше 2:2.
Предност за ПСВ е што ќе игра на свој терен и има активен резултат, но мора да се даваат голови, бидејќи правилото на УЕФА за гол повеќе на гости при израмнет вкупен резултат веќе не важи.
Предлог тип: 1+I&1+II (1.50)