26.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Знак што ретко се игра во обложувалница е како порачан за дуелот Бенфика – Јувентус

6001 Салцбург – Челзи (Лига на шампиони, 18.45 часот)

Ова ќе биде вториот дуел на две физички исклучително подготвени екипи во Е групата и може да реши многу работи, но и да ги остави дилемите докрај кои две екипи од ова друштво уште со Милан и Динамо Загреб ќе играат во нокаут-фазата.

Првиот меч на „Стемфорд бриџ“ заврши нерешено 1:1, а Челзи доминираше, но младите Бикови успеаја да освојат вреден бод.

И двете екипи се во топ-форма, Салцбург со блескава серија од 17 меча без пораз во сите конкуренции, а Челзи со осумка без неуспех во низа.

Проблеми имаат и двете екипи, кај Салцбург неизвесни за настап се дури деветмина играчи, а кај Челзи ќе фалат Канте, Кулибали, Џејмс и Фофана.

Салцбург тркачки може да му парира на англискиот клуб и типуваме дека пак ќе успее да освои еден бод.

Предлог тип: Х (3.80)

 

6003 Бенфика – Јувентус (Лига на шампиони, 21 часот)

Бенфика го победи Јувентус во Торино со 2:1, нема пораз на четири меча и може да си дозволи луксуз и да загуби денеска на „Луж“ и пак да биде во комотна ситуација за пласман во нокаут-фазата.

Разликата меѓу двата клуба е пет бода на две кола до крај, а во последното Јувентус ќе му биде домаќин на ПСЖ и ќе има потешка задача отколку Бенфика во Хаифа против Макаби.

Јувентус има премногу кадровски проблеми, дури деветмина фудбалери се најавени како неизвесни за настап во Лисабон, но на Старата дама ѝ е јасно, вечер мора да победи за да остане во игра за продолжен престој во Лигата на шампионите, па дури и за презимување во Европа.

Нов пораз од Бенфика може да им го загрози и третото место кое води во Лигата на Европа, па гостите од Торино мора да напаѓаат, а ние ќе одиграме ретка игра во обложувалниците, да има најмалку два гола во кое било од двете полувремиња, без разлика дали во прво или во второ.

Предлог тип: Или шанса 2+I/2+II (1.47)

 

6004 Пари Сен Жермен – Макаби Хаифа (Лига на шампиони, 21 часот)

Макаби добро му парираше на ПСЖ на првиот меч во Хаифа, дури Израелците први поведоа, но потоа и загубија со 1:3.

И тие како и Јувентус пореално е да се борат за третото место во групата и да се преселат во Лигата на Европа, но сигурно нема да се откажат од подвиг.

Ако го победат ПСЖ во Париз, ќе играат дома со Бенфика за нокаут-фаза во ЛШ или за преселба во Лигата на Европа.

Меси, Мбапе, Нејмар и уште дузина светски познати асови на ПСЖ секако се фаворити, а ние ќе типуваме сличен развој на настаните како на првиот меч.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.25)

 

6006 Динамо Загреб – Милан (Лига на шампиони, 21 часот)

Ова е клучниот меч и за двете екипи во Е групата и може да значи чекор напред кон нокаут-фазата, или дури и испаѓање од еврокуповите.

Милан, кој е втор најтрофеен клуб со 7 европски круни ќе испадне ако загуби со три или повеќе голови разлика, а Салцбург го победи Челзи.

Динамо е во аут со каков било пораз ако Салцбург не загуби од Челзи, а калкулации има многу.

Но, јасно е дека ниту загрепчани, ниту гигантот од Милано не можат да се потпрат на каква било математика туку мора да атакуваат на трите бода.

Се очекува Аријан Адеми и Стефан Ристовски да бидат во стартниот состав на Динамо, Милан пак е фаворит за победа откако славеше со 3:1 на домашен терен, а ние ќе типуваме дека ќе има најмалку по еден гол во двете полувремиња.

Предлог тип: 1+I&1+II (1.65)

 

6008 Борусија Дортмунд – Манчестер сити (Лига на шампиони, 21 часот)

Најреална варијанта на култниот „Ветсфален“, или како што сега се нарекува „Сигнал Идуна парк“ во Дортмунд е мечот да заврши нерешено.

И двете екипи имаат голема предност пред Севилја и Копенхаген, а Манчестер сити е сигурен учесник во нокаут фазата.

Популарните Граѓани се недостижни за Севилја и Копенхаген и сигурно одат понатаму, а и Милионерите од Дортмунд се на добар пат да им се приклучат во нокаут фазата.

Ова е битка за првото место кое ќе му припадне на англискиот тим ако денеска не загуби во Дортмунд.

Победа на Борусија од два или повеќе разлика им гарантира на Германците дека ќе бидат први во групата, секако ако победат и во последното коло против Копенхаген во Данска.

Сепак повеќе треба да внимаваат да не загубат денеска, бидејчќи со пораз од Сити и потоа од Копенхaгeн можат да останат без Лигата на шампионите.

Предлог тип: Х (4.35)

 

 

- Оглас -

Најнови вести