Милан води со 1-0 по првото полувреме против Динамо Загреб, за кој стартери се Аријан Адеми и Стефан Ристовски.
Хрватскиот првак беше резултатски рамноправен 44 минути, а тогаш беше досуден пенал за Милан, кој рутинирано го реализира Оливие Жиру. Со 35 години и 349 дена, Жиру е втор најстар Французин што постигнал гол во ЛШ. Рекордер е Лоран Блан со 36 години и 338 дена.
Во другиот меч од 18.45 часот во Варшава, Шахтар и Селтик си дадоа по еден гол. Шкотите поведоа, а Украинците израмнија.