Севилја води со 3:1 на свој терен против Динамо Загреб, во мечот со најмногу погодоци по првото полувреме, во плејоф-мечевите во Лигата на Европа и Конференциската лига.
Иван Ракитиќ со гол од пенал во 13-тата минута ја доведе Севилја до предност, а потоа мирно беше до 41-вата минута. Тогаш Оршиќ израмни на 1:1, но радоста на Модрите кратко траеше.
Севилја до полувремето даде уште два гола. Најпрво Окампос погоди за 2:1 во 44-тата минута, а само една минута подоцна прецизен беше и Марсијал. Македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми се во тимот на Динамо.
Во останатите мечеви од Лигата на Европа, Аталанта во Бергамо губи од Олимпијакос со 0:1, Порто и Лацио играат 1:1, исто како и Лајпциг – Сосиедад 1:1. Во Конференциската лига на полувремето, Селтик – Бодо/Глимт 0:1, Лестер – Рендерс 1:1, Марсеј – Карабах 2:0 и Спарта Прага – Партизан 0:0.