Стартот на меѓународна сцана во новата сезона, Динамо Загреб го започнува вечерва на својот „Максимир“ и тоа против Шкупи. Ова е дуел од второто претколо од квалификациите за Лигата на шампиони.
Низ историја, Динамо играл и во групната фаза од Лигата на шампиони и речиси секоја година е тимот кој игра една од најзначајните улоги во европскиот фудбал од балканските екипи.
Дека и за дуелот против Шкупи, за Динамо е посебен, покажува и организацијата која е напрвена во пресрет на средбата. Челниците на Динамо имаат подготвено Фан зона за нивните навивачи и неколку часа пред почетокот на дуелот треба да започне и загревањето на атмосферата.
Во Фан зоната ќе има забавни содржини за помладите, но и повозрасните фанови, одлична угостителска понуда, како и можност д се купат сувенири со логото на клубот.