Динамо е поим за трансфери на Балканот

Долги низa години Динамо Загреб остварува голема заработка од продажби на своите таленти. Последниот во низата е Дани Олмо, кој пред неколку години дојде како тинејџер на „Максимир“ од познатата школа на Барселона „Ла Масија“, а во зимскиот преоден рок се пресели во редовите на Лајпциг во повеќемилионски трансфер.

Но, Модрите знаат добро и да пазарат таленти. Пред извесно време пристигна 18-годишниот аргентински талент Матијас Годој за околу 1,5 милиони евра, а сега го потврдија трансферот на младиот Роби Бартон.

Велшанецот до неодамна беше капитен на младинскиот состав на Арсенал откако пред почетокот на сезоната дебитираше за првиот тим во пријателските дуели против екипи како Реал Мадрид и Баерн Минхен. Бартон не се избори за место меѓу сениорите, се очекувало да оди на позајмица во пониските лиги, меѓутоа тој се одлучил да ги пренесе своите таленти во хрватската метропола.

Играчот за врска во школата на Арсенал првпат се појавил на шест години, а редоследно ги помина сите младински селекции на Велс до 20 години.

- Оглас -

Најнови вести