Динамо е пред нов милионски трансфер: Премиерлигаш заинтересиран за тинејџер од Загреб

Динамо од Загреб продолжува да им држи лекции на останатите клубови од овие простори со својата трансфер-политика. Според информациите на медиумите од Островот, Арсенал е силно заинтересиран во своите редови да ја донесе новата тинејџерска ѕвезда од Динамо Загреб, 20-годишниот Мартин Батурина.

Младиот фудбалер оваа сезона блеска во дресот на Динамо и на 26 натпревари во хрватското првенство постигна пет погодока, но и седум пати асистираше. Настапи и на пет натпревари од Лигата на шампионите. Според специјализираниот портал „Трансфермаркет“, неговата вредност е 11,5 милиони евра, што го прави 15-ти најскап хрватски фудбалер, иако сè уште нема дебитирано за репрезентацијата на Хрватска.

Но, Динамо секако нема да се задоволи со проценетата вредност и според информациите, овој трансфер ќе го наплати многу повеќе.

- Оглас -

Најнови вести