Динамо го купува чудото од дете од Аргентина

Динамо Загреб е на прагот да го обезбеди потписот на аргентинското чудо од дете Матијас Годој. Суперталентираниот тинејџер во најскоро време треба да пристигне на „Максимир“, каде што ќе го официјализира повеќегодишниот трансфер, а се верува дека Модрите ќе потрошат околу еден милион евра за неговите услуги.

Годој, младиот крилен офанзивец на Атлетико, е најавен како идна ѕвезда на аргентинскиот фудбал, а како потврда за тоа се освоените титули на Копа Америка за играчи до 15, односно до 17 години.

Годој веќе извесно време го следат скаути од Интер и Милан, како и Челзи, а познато е дека и Дејвид Бекам имал обид да го ангажира за својот нов клуб Интер Мајами, кој ќе започне со натпреварување во МЛС-лигата во новата сезона.

Динамо од оваа инвестиција очекува да се повтори случајот „Дани Олмо“. Шпанецот исто така како тинејџер пристигна во хрватската метропола, а по неколку сезони прерасна во играч со врвни квалитети, па сега се очекува неговиот трансфер во некој европски гигант да ги помести фудбалските граници на Балканот.

- Оглас -

Најнови вести