Фудбалерите на Динамо Загреб забележаа голема победа на гостувањето кај најголемиот ривал Хајдук и на преполниот Пољуд победија со минимални 0-1. Со оваа победа Динамо изби на втората позиција и ја продолжува трката со Ријека за титулата во Хрватска, иако има пет бодови заостанување, сепак загрепчани имаат и натпревар помалку од најголемиот конкурент за одбрана на шампионската титула.
Единствениот гол на мечот во Сплит беше дело на капитенот на Динамо Загреб, Бруно Петковиќ. Стефан Ристовски ги одигра сите 90 минути за Динамо, додека Аријан Адеми беше стартер, но беше заменет во 55-тата минута. Во екипата на Хајдук, Александар Трајковски не доби шанса за настап и остана на клупата за резерви.