Локомотива првпат после три години успеа дома да го победи Динамо во загрепското дерби, и сега Модрите во хрватската лига имаат неверојатна серија од пет меча по ред на кои не победиле.
Локомотива победи со 3-1, а сите голови паднаа во првото полувреме. Стефан Ристовски беше капитен на Динамо и го одигра целиот меч, а Аријан Адеми поради повреда не беше во составот.
Најтрофејниот хрватски клуб има по шест бодови помалку од Хајдук и Риека, два тима кои утре во Сплит играат меѓусебен дуел. Ако има победник во јадранското дерби, тој тим би му побегнал на Динамо цели девет бодови, и шампионската низа на Модрите од Загреб ќе биде сериозен загрозена.