Легендарниот италијански дефанзивец Фабио Канаваро не е повеќе тренер на Динамо Загреб откако раководството на актуелниот хрватски шампион одлучи да се раздели и со третиот тренер оваа сезона.
Екипата за која настапуваат Аријан Адеми и Стефан Ристовски игра катастрофална сезона во домашното првенство и е далеку од одбрана на титулата, па сега ќе добие и четврти тренер оваа сезона.
Сезоната како тренер во Динамо Загреб ја почна Сергеј Јакировиќ, па на негово место дојде Ненад Бјелица, а Фабио Канаваро беше третиот тренер за загрепчани, но и тој си заминува само по малку повеќе од три месеци на клупата на најтрофејниот хрватски клуб.
Пресудно за отказот беше убедливиот пораз на гостувањето кај Истра (3-0), но и генерално лошите резултати под негово водство.