Динамо и Лудогорец приредија шоу од голови и црвени картони

Динамо Загреб со 4-2 го победи Лудогорец и го потврди пласманот во финалниот бараж за влез во групите од Лигата на шампионите, каде што тимот на Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе игра со норвешки Бодо/Глимт.

Бугарскиот првак освен што беше поразен на „Максимир“, се „прослави“ и со тоа што дури тројца фудбалери добија црвени картони.

Од македонските репрезентативци, Ристовски играше само во првото полуреме, а Адеми го одигра цел меч. Адеми, кој е капитен на Модрите од Загреб, по 38-ми пат играше меч од квалификации за ЛШ во дресот на Динамо и тоа е нов клупски рекорд.

Понатаму одат и Бенфика и Карабах, кои ги елиминираа Митјиланд односно Ференцварош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести