Црвена ѕвезда – Јанг бојс (21ч – плејоф, Лига на шампиони, реванш-натпревар)
Резултатот од 2-2 во Берн го стави српскиот првак во многу поповолна позиција од Швајцарците, но тоа не значи дека вечерва на стадионот „Рајко Митиќ“ Ѕвезда ќе треба да ги брани двата гостински гола. Сосема напротив, Црвено-белите ќе имаат огромна поддршка од трибините, што ќе им биде мотив да остварат уште еден позитивен исход, па втора година во низа да влезат во групната фаза од елитната европска лига.
Јанг бојс не го памети по добро последното гостување во Белград. Тоа беше во август 2004 година, кога швајцарскиот тим претрпе пораз од 0-3 токму од Ѕвезда. Иако според квотите на Sport Life, домаќините се за нијанса фаворити, од избраниците на Владан Милојевиќ се очекува да го оправдаат квалитетот.
Предлог тип: 1X & 2-4 (2.30)
Краснодар – Олимпијакос (21ч – плејоф, Лига на шампиони, реванш-натпревар)
Олимпијакос со една нога веќе е во групната фаза, по триумфот во првиот меч од 4-0. Вечерва грчкиот првак ќе гостува во Русија колку да го потврди пласманот, но тоа не значи дека фудбалерите на Краснодар ќе ги пречекаат со бело знаме. Историски пресврти се случувале и во минатото, се паметат многу такви сензации, а тоа е убавината на Лигата на шампионите.
По мечот од квалификациите кој се одигра минатата недела, Краснодар во рускиот шампионат викендов ремизираше против Локомотив Москва, со што си ја наруши формата, додека Олимпијакос е неприкосновен и ја одржува непобедливата форма и минатата сезона, а веќе брои пет победи во низа.
Предлог тип: Т12+ & ГГ (2.90)
Розенборг – Динамо Загреб (21ч – плејоф, Лига на шампиони, реванш-натпревар)
Предводен од капитенот Адеми, Динамо Загреб направи голем исчекор кон европската елита во првиот меч на „Максимир“. Розенборг делуваше немоќно иако дојде до неколку шанси за погодок, меѓутоа сега треба да се надополнуваат два гола негатива ако сакаат да играат против најдобрите екипи. Тоа е далеку од невозможна мисија, Норвежаните може да се вратат во игра, но Модрите се убедени дека овој двомеч ќе заврши во нивна корист, па и тие, како и Ѕвезда, да се појават втора година во низа во групната фаза.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.00)
Монпелје – Лион (19ч – Лига 1, трето коло)
Лион може да му се придружи на Рен како две екипи со максимален учинок по три кола во францускиот шампионат, но тоа ќе се случи само доколку вечерва ги надиграат домашните фудбалери на Монпелје. За Лавовите на Жервињо тоа не треба да биде проблем, бидејќи веќе седум последователни средби во првенството издвојуваат добри резултати (пет победи и две ремија) против Монпелје.
Во шест од тие седум средби, двете екипи постигнувале најмалку по еден гол, што значи дека се големи шансите нашиот тип да се покаже како точен и да уживаме во дуел со полни мрежи.
Предлог тип: ГГ3+ (2.15)
Лидс јунајтед – Стоук (20:45ч – Лига куп на Англија, второ коло)
Обврските во Лига купот на Англија за второлигашите почнаа од првото коло, како и по обичај. Лидс беше убедлив против Салфорд, а Стоук во дуелот на поранешните премиерлигаши славеше минимално против Виган. Сега овие две екипи ќе ги одмерат силите по вторпат во период од четири дена, бидејќи викендов избраниците на Марсело Бјелса триумфираа со 3-0 на гостувањето на стадионот „Британија“ во дуелот од Шампионат лигата.
На тој меч, меѓу стрелците се запиша и нашиот Езѓан Алиоски, што беше негов првенец за оваа сезона, а може да се очекува повторно да биде меѓу првите 11 на теренот, па да дојде до нова шанса за погодок. Откако започна новата сезона, Лидс во просек постигнува по два гола по меч, што значи и вечерва ќе треба да покажат со каква артилерија располагаат.
Предлог тип:1 & T12+ (2.00)