Динамо игра со Интер, на „Максимир“ е гужва за билети за многу поважен меч

Динамо Загреб денеска од 15 часот ќе го игра дуелот од 14. коло во ХНЛ против Интер Запрешиќ, но многу поголем интерес пред „Максимир“ има за еден друг меч што им следи на популарните „модри“.

Во среда хрватскиот првак го игра веројатно и клучниот меч против Шахтар Доњецк во Ц групата за пласман понатаму во Лигата на шампионите.

И очекувано има голема гужва и долг ред за мечот, што е „да се биде, или не“ за осминафинале во елитното натпреварување, а долг е редот од симпатизери на Динамо за билет и присуство на мечот од 4. коло во фазата по групи во ЛШ.

Пред десеттина дена во Харков, Динамо одигра нерешено 2:2 против Шахтар и ако победи во среда ќе биде многу блиску до прв пласман во нокаут фаза во Лигата на шампионите.

Денеска против Интер Запрешиќ веројатно нема да игра капитенот Аријан Адеми, но се очекува тој да биде фит за дуелот со Украинците.

 

- Оглас -

Најнови вести