Динамо има нов „Дани Олмо“

Хрватскиот шампион Динамо Загреб успешно ги заврши преговорите со аргентинскиот второлигаш Атлетико Рафаела околу услугите на младиот Матијас Годој. Суперталентираниот офанзивец ќе биде ново засилување на Модрите за сума од 1,5 милион евра, кој во следните неколку дена треба да пристигне во Загреб и да потпише повеќегодишен договор.

Годој е младински репрезентативец, што е доста тешко за фудбалер од втората лига да избори место во селекциите на Аргентина. Тоа само го потврдува неговиот потенцијал, а со репрезентациите до 15 и 17 години успеа да стане шампион на Јужна Америка. Осумнаесетгодишниот Гаучо беше под лупата на неколку европски гиганти како Интер, Милан и Челзи, меѓутоа одлучи да дојде на Балканот.

Може да се каже дека Годој го направи вистинскиот избор, во Динамо ќе добива шанса да игра, а може да ги следи стапките на Дани Олмо. Шпанецот како тинејџер дојде на „Максимир“ и за кратко време прерасна во играч кому му се предвидуваше блескава кариера. Доказ дека Олмо постепено го достигнува врвното ниво е неговиот трансфер во зимскиот преоден рок во редовите на Лајпциг за сума од 20 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести