Српскиот вицепрвак Партизан доживеа уште еден убедлив пораз (0-3) од Динамо Киев. Украинците постигнаа двојно помалку голови во Белград, но двомечот го добија убедливо, со неверојатни 2-9.
Андриј Јармоленко во 17. минута донесе предност за Динамо Киев, а Владислав Ванат од пенал зголеми на 0-2 на почетокот на вториот дел. Третиот гол беше дело на Олександр Караваев во судиското продолжение од мечот.
Романскиот тим ФЦСБ го совлада Макаби Тел Авив со 0-1 на дуелот во Будимпешта и се пласира во следната рунда од квалификациите за ЛШ, откако првиот меч заврши 1-1.
Понатаму одат и Митјиланд и Бодо/Глимт.