Динамо Киев и ПСВ се измачија, но се исплатеше, блиску се до групната фаза во ЛШ (Видео)

Динамо Киев по продолженија го елиминираше Штурм Грац, а на ист начин по 120 минути игра и ПСВ Ајндховен се пласира понатаму во квалификациите за место во групите од Лигата на шампионите.

ПСВ во 89-тата минута се извлече од пораз од Монако, а Лук де Јонг во 109-тата минута им донесе место во следната фаза, каде што ќе се сретнат со шкотскиот Ренџерс.

Украинците во регуларните 90 минути загубија со 0-1, но во екстра 30-те минути дадоа два гола, стрелци беа Вивчаренко и Циганков, па и тие се на чекор до ЛШ, иако ќе им биде пеколно тешко во баражот против Бенфика.

Двојките за баражот за ЛШ се: Карабах – Викторија П’лзењ, Бодо/Глимт – Динамо Загреб, Макаби Хаифа – Црвена ѕвезда, Копенхаген – Трабзонспор, Динамо Киев – Бенфика и Ренџерс – ПСВ.

- Оглас -

Најнови вести