Динамо Минск е класа за сите други во Белорусија

3530 Динамо Минск – Гомел (18.00 часот)

Динамо два месеца нема играно меч од домашно првенство, летово се бореа во Европа, а по испаѓањето од Андерлехт во плејофот за влез во Лигата на Европа, обезбедија место во Конференциската лига. Инаку Динамо е убедливо најдобар тим во Белорусија, во 15 меча не знае за пораз, има 10 победи и пет ремија со гол-разлика 28-8. Сите други тимови имаат барем по четири порази. Во претходните пет кола имаа пет победи, а на три од последните четири меча не примија гол. Но, и Гомел е во добра форма, во последните три кола освои седум бодови.

Предлог тип: 1 & 2+ второ (2.35)

 

3620 Партизани – Динамо Тирана (19.00 часот)

Партизани во првото коло загуби, а потоа врза две победи по ред, додека Динамо Тирана прво имаше два порази, а во минатото коло триумфираше и ги освои првите три бода сезонава во албанската Суперлига. Сите мечеви кои досега ги одиграа овие екипи беа со 1-3 гола. Динамо 15 години нема победа на гостување кај Партизани. Во минатата сезона, кога се сретнаа во април, Партизани победи со 2-0.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.74)

 

9089 Кјелце – Загреб (20.45 часот)

Полскиот тим е голем фаворит против хрватскиот во овој дуел од првото коло во ракометната Лига на шампиони. Кјелце во мечот влегува како ранет лав бидејќи пред пет дена загуби од Висла во полскиот Суперкуп. Загреб нема вистинска конкуренција во Хрватска и тоа е мал хендикеп бидејќи не се навикнати да играат тешки мечеви како овој вечерва. Во минатата сезона, Загреб загуби во Кјелце со 24-28, а и претходниот пат, кога се сретнаа со 2016 година, Полјаците победија со четири гола разлика.

Предлог тип: 1 & <56.50 (2.17)

 

1037 Херогејт – Донкастер (21.00 часот)

Донкастер одлично ја стартуваше сезоната во англиската Лига 2, прв е на табелата, има четири победи во првите пет кола. Херогејт претрпе три порази во досегашните пет кола. Проблем за Донкастер е традицијата на меѓусебните дуели со Херогејт, никогаш не го победиле овој ривал во официјален меч. Во минатата сезона, Херогејт двапати го победуваше Донкастер. Херогејт на 9 април ја имаше последната домашна победа.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.88)

 

6759 Германија У20 ж. – Аргентина У20 ж. (23.30 часот)

Ова е осминафинале од Светското првенство за фудбалерки до 20 години. Во првата фаза, младите Германки беа први во својата група, иако имаа и еден пораз. Аргентинките одвај се пробија во осминафиналето како едни од најдобрите третопласирани, со четири освоени бода во трите кола. Нокаут-фазата е нешто друго, тука нема шанса за поправен, а мечот се игра во Богота, Колумбија, што може да биде мала предност за Аргентина.

Предлог тип: 1Х & 3+ (2.04)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести