Весела e математиката на Динамо – Адеми во големата шесторка што најмногу би настрадала

Динамо Загреб веќе донесе одлука за драстично кастрење на платите, а капитенот и македонски репрезентативец Аријан Адеми е во секстетот играчи што најмногу би настрадале.

Фудбалерите на популарните модри не ја прифатија одлуката на раководството веднаш да се откажат од 33 отсто од платата, или од една третина, потоа следната третина да им биде исплаќана најдоцна шест месеци од првиот следен меч на Динамо и една третина да им биде редовно исплаќана.

Формулата што ја скроија челниците на хрватскиот првак не им се допадна на играчите, а Адеми, на пример, би го чинела Адеми многу пари. Се однесува на периодот од следните шест месеци.

Капитенот на Динамо има годишна плата од 500 илјади евра, што би значело дека од 250 илјади евра што треба да ги земе во следните половина година, би добивал само една третина. Тоа се околу 83 илјади евра. Од исто толку пари треба да се откаже, а и да очекува толкава сума да му се исплаќа не подоцна од шест месеци од првиот следен меч на Динамо.

Со него во првата група најплатени играчи на хрватскиот шампион се и голманот Ливаковиќ, потоа францускиот ас Теофил, Гаврановиќ, Петковиќ и швајцарскиот интернационалец Мубанџе, кои имаат годишна плата во распон од 500 до 700 илјади евра.

Убедливо најплатен е тренерот Ненад Бјелица со годишни примања од 1,2 милиони евра.

 

 

- Оглас -

Најнови вести