25.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Динамо мора веднаш во офанзива, ќе има голови на „Максимир“

6726 Динамо Загреб – Шериф Тираспол (Квалификации за ЛШ, 21 часот)

Ова е четвртиот двомеч меѓу Динамо Загреб и Шериф Тираспол во квалификациите за настап во Лигата на шампионите и прв во финалето. Претходно играа трипати во полуфиналната фаза и Динамо води со 2:1.

Сега Шериф е многу блиску до израмнување на 2:2 во ваквите двомечи, а овој е посебно важен бидејќи води директно во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Молдавците на првиот меч и буквално го демолираа Динамо со победа од 3:0, која можеше да биде и поубедлива. Тоа е голема позитива во вакви мечеви, но загрепчани, кои се поискусни и со повеќе успеси во Европа, се надеваат на чудо.

За тоа им треба најмалку гол-два во првото полувреме, а среќа за нив е што УЕФА го смени правилото за гол постигнат на гости, кое сега не важи при вкупен израмнет резултат.

Тоа значи дека домаќините со каква било победа од три разлика ќе се изборат за продолженија. Проблем за популарните Модри е што Шериф покажа дека има одличен тим, играат брзо и модерно, а Динамо има и многу проблеми со повреди на играчите. Капитенот Аријан Адеми не е фит и ќе биде резерва, им се повреди и стоперот Периќ, не игра ниту Лауритсен, што значи дека Дамир Крзнар ќе мора да комбинира на стоперските позиции.

Сепак, надеж за Динамо има, но мора да биде ефикасен, па ќе типуваме дека ќе има најмалку еден погодок во првото полувреме на „Максимир“ и најмалку три на мечот.

Предлог тип: 1+I&3+ (1.84)

 

6727 Брондби – Салцбург (Квалификации за ЛШ, 21 часот)

Брондби има одличен резултат и негатива од само еден гол, иако во поразот од 1:2 на првиот меч во Австрија само еднаш шутна на гол. Салцбург имаше апсолутна доминација со вкупно 29 удари, од нив 10 во рамките на голот, и успеа да направи пресврт и да победи.

Гостите се постојани учесници во фазата по групи во Лигата на шампионите или во Лигата на Европа во последните неколку години и имаат подобар тим од Брондби.

Сепак, Данците се желни за успех, Брондби е еден од гигантите на тамошниот фудбал со 11 шампионски круни и ќе се обиде да го изненади фаворитот и да се пласира во ЛШ по вторпат во историјата на клубот.

Дебитираа во ЛШ во сезоната 1998/99, кога го победија Баерн Минхен со 2:1, но потоа примија вкупно 18 гола на шест меча против Баварците и Манчестер јунајтед и Барселона.

Салцбург е во обид по третпат да игра во фаза по групи во ЛШ, а најголем успех досега во Европа му е финалето во УЕФА купот во 1994 година, кога ги загуби двата дуели со Интер со по 0:1.

Предлог тип: Х2&2>1 (2.06)

 

6725 Шахтар – Монако (Квалификации за ЛШ, 21 часот)

Шахтар има шанса да му се реваншира на Монако за елиминацијата во УЕФА купот во 1979 година, кога францускиот клуб беше поуспешен и славеше со вкупен резултат од 3:2.

Овој двомеч е многу поважен од средбите пред 42 години и одлучува која екипа ќе игра во фаза по групи во Лигата на шампионите. Украинците одиграа одлично на „Луј Втори“ и славеа голема победа од 1:0, што значи дека ќе го почнат реваншот со значајна предност во Харков на стадионот на Металист.

Бразилската колонија на Шахтар е одлично наштимана, ги има дури десетмина, што ѝ дава бразилски шарм на играта на украинскиот првак.

Монако лошо ја почна сезоната, со три порази по ред, еден од нив од Шахтар и два во француското првенство и едно реми против Нант.

За тим што во нападот ги има Бен Једер, Фоланд, Боаду и уште неколку прекалени и добри играчи чудно е да постигне само еден погодок на четири меча.

Сега мора да проработи офанзивата на гостите, Шахтар е опасен на контри, па може да има голови, а типуваме на 2+ во второто полувреме.

Предлог тип: 2+ второ полувреме (2.06)

 

1129 Њупорт – Саутхемтпон (ЕФЛ куп, Англија, 20,45 часот)

Њупорт веќе играше еден меч во првата фаза на Лига купот на Англија и со голот на Тими Абрахам го елиминира Ипсвич. Тими е помалиот брат на попознатиот фудбалер Тами Абрахам, кој си замина од Челзи и сега е член на Рома.

Лига купот на Англија е многу интересен, често има големи изненадувања бидејќи се игра еден меч и ако нема победник во регуларниот дел, веднаш се изведуваат пенали.

Саутхемптон е фаворит, разликата и во класа и во ранг на натпреварување е очигледна, но Њупорт пред своите навивачи може да му даде гол на премиерлигашот.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.14)

 

1130 ВБА – Арсенал (ЕФЛ куп, Англија, 21 часот)

Микел Артета е под голем притисок откако Арсенал стартуваше очајно во Премиер лигата со два порази од по 2:0. Тоа не им се случило на Топчиите повеќе од еден век, а и за клуб што секогаш го красел офанзивниот стил на игра, тоа е недозволиво.

Арсенал има добри играчи, но клубот е во вистински хаос. Потрошија 130 милиони евра, а не донесоа ниту едно екстра засилување во преодниот рок.

Капитенот Пјер-Емерик Обамејанг сака да си замине, навивачите се незадоволни и ако не се случи наскоро Арсенал да почне да победува, Артета ќе биде на големи маки, па дури може да добие и отказ.

Арсенал има одличен биланс против Вест Бромвич албион, непоразен е на последните четири меѓусебни дуели, но прашање е во ваква ситуација колку им значи Лига купот на Англија. Имаат гостување кај Манчестер сити во сабота, сега и доста играчи се отсутни поради повреди, па можно е Артета да комбинира со доста резерви на гостувањето во Бирмингам.

Тоа е шанса за ВБА, а со оглед на тоа како игра Арсенал, а и одбраната на тимот, реално е да има голови во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ (1.77)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести