Динамо навива Интер да го продаде играчот што е миленик на Македонија

Интер сериозно размислува да го продаде Марсело Брозовиќ, по честите испади на одличниот хрватски репрезентативец надвор од теренот во последно време, а за трансфер навиваат и во Динамо Загреб.

Се најавува дека нераѕурите се подготвени да се разделат со Брозовиќ, а цената е 60 милиони евра. Ако се оствари евентуалниот трансфер, а има заинтересирани екипи, тогаш 6 милиони евра ќе легнат на сметката на хрватскиот првак.

Динамо има договор со Интер да добие 10 проценти од следниот трансфер на Марсело, со анексот кој беше вклучен при трансферот што беше реализиран во 2016 година.

Најпрво Брозовиќ му беше позајмен на Интер во 2015 година, а следната сезона стана целосно играч на италијанскиот гигант со пераментен договор.

Интересно е што токму хрватскиот репрезентативец е 900. фудбалер што играл за Интер, клуб во кој остави впечатлива трага, но во последно време им задав и многу проблеми со чудни испади надвор од теренот.

Неодамна беше казнет со 100 илјади евра поради лудото возење во Милано во алкохолизирана состојба, а пред некој ден правеше проблеми и во болница, каде мораше дури да реагира и полицијата за да го смири.

Брозовиќ одигра 164 натпревари за Интер, а пред десеттина дена со убав гест ги освои срцата на сите во Македонија, кога без размислување уплати 3.000 евра за да помогне во лечењето на Стаменка Менче Трповска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести