Динамо не може без капитените – Клучен е мечот со Салцбург, стартери ќе бидат и Адеми и Ристовски (Фото)

Тренерот на Динамо Загреб, Анте Чачиќ има малку дилеми за составот со кој вечерва од 21 часот на „Максимир“ хрватскиот првак ќе оди на победа против Салцбург во Лигата на шампионите.

Нема дилема дека тренерот на популарните „Модри“ ќе тргне со составот во кој ќе биде капитенот Аријан Адеми и капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски, односно дека и двајцата ќе бидат стартери.

 

Динамо го загуби првиот дуел со Салцбург во Австрија со 1:0 пред една седмица и е последен во неизвесната Е група со 3 бода по 3 кола, но се уште има шанси за пласман во нокаут фазата.

Прв услов за тоа е вечерва да се победи Салцбург, по можност со поголема разлика од еден гол, бидејќи во случај на ист број на бодови одлучува меѓусебниот скор.

Во вториот дуел од оваа група, во исто време, вечерва од 21 часот на „Сан Сиро“ Милан ќе се обиде да му се реваншира на Челзи за поразот од 3:0 пред една недела.

Моментно по три кола Салцбург е прв со пет бода, пред Челзи и Милан со по 4 и Динамо со три бода.

Првите две екипи од секоја група ќе играат во нокаут фазата, а третопласираните ќе продолжат во Европа Лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести