Екипата на Динамо Загреб се одлучи да ја продолжи соработката со Жељко Копиќ, кој ја доби довербата на раководството на тимот.
Стефан Ристовски и Аријан Адеми ќе продолжат да работат со овој тренер, кој досега беше назначен за привремен по заминувањето на Дамир Крзнар од пред три недели.
„Управата на ГНК Динамо Загреб известува дека донесе одлука за нов тренер на првиот тим да го назначи Жељко Копиќ.
Тој покрај тренерската, ќе ја извршува и функцијата спортски директор и ќе има потполна слобода во контролирањето на спортскиот дел на Динамо“, се вели во соопштението.
Модрите играа навистина одлично во групната фаза од Лигата на Европа и се пласираа во шеснаестифиналето, каде што за противник ќе ја имаат Севилја.