Динамо освои три бода на мечот кој мораше да го добие, им помогна и ексиграч на Шкупи

Динамо Загреб извојува важна победа од 2-0 на гостувањето кај Астана во Казахстан, но за осигурување на пласманот во следната фаза од Конференциската лига ќе мора да почека до завршување на последното коло од групата, во кое игра дома со косовскиот Балкани.

За Динамо ова е втора победа во Конференциската лига, двете против Астана. Динамо од 3 септември наваму немаше победа надвор од Загреб, а вечерва конечно го разби малерот и освои важни три бода.

Аријан Адеми нема право на настап во Конференциската лига, а Стефан Ристовски беше стартер и заменет во 79-тата минута.

Средбата можеше да има многу поинаков тек ако во 11-тата минута Дембо Дарбо (екснапаѓач на Шкупи) го реализираше пеналот за Астана.

- Оглас -

Најнови вести