Динамо пред две недели му посака среќа на Шкупи во европските купови, а сега е негов можен ривал

Денешната ждрепка за второто коло од квалификациите во Лигата на шампионите сакаше потенцијален противник на македонскиот првак Шкупи да биде Динамо од Загреб.

Ако чаирчани ја минат првата пречка, Линколн од Гибралтар, тогаш во следната фаза ќе имаат двобој со клубот чиј некогашен играч и тренер на вториот тим е Гоце Седлоски, актуелниот шеф на стручниот штаб на Шкупи. Седлоски го водеше и Вардар против Динамо пред шест години.

Интересно е што на 2 јуни, пред неполни две недели, Динамо му ја честиташе на Шкупи титулата во македонското првенство и му посака успех во европските натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести