Динамо против ПАОК за влез во четвртфиналето на Конференциската лига

Балканското дерби Динамо Загреб – ПАОК и дуелот на некогашниот европски првак Ајакс против Астон вила се најатрактивните парови кои ги спои ждрепката за осминафиналето во Конференциската лига, мечеви закажани за 7 и 14 март.

Двојките за осминафиналето во Конференциската лига се: Сервет – Викторија П’лзењ, Ајакс – Астон вила, Молде – Клуб Бриж, Ројал Унион Сен Жилоа – Фенербахче, Динамо Загреб – ПАОК, Штурм – Лил, Макаби Хаифа – Фиорентина, Олимпијакос – Макаби Тел Авив.

Од македонските претставници, во ова натпреварување остана само Стефан Ристовски од Динамо, кој ќе има дуел со тим од нашето соседство. Грците не беа на листата на желби кај Модрите, но не беше ни Бетис во 16-финалето, па го елиминираа.

Сезонава и Бојан Миовски играше против ПАОК, даде и гол. ПАОК во квалификациите го елиминира Хајдук, па по малку повеќе од половина година подоцна повторно ќе гостува во Хрватска. Финалето во конференциската лига сезонава е во Атина и тоа е големата мотивација за ПАОК да оди до крај.

- Оглас -

Најнови вести