29.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

Динамо сака да купи напаѓач од Интер

Хрватскиот шампион Динамо Загреб сака во своите редови да го доведе 22-годишниот напаѓач на Интер, Мартин Сатријано. Според италијанските медиуми, Модрите се заинтересирани да го доведат уругвајскиот напаѓач на позајмица, со можност подоцна да го откупат неговиот договор.

Според последните проценки на „Трансфермаркт“, вредноста на Сатријано се проценува на 7 милиони евра. Тој има договор со Интер до јуни 2027 година. Кај Нераѕурите дојде за трансфер од 2,4 милиони од уругвајскиот Национал.

Динамо е во потрага по напаѓач, посебно откако Бруно Петковиќ одби да го продолжи договорот кој му истекува во јуни 2024 година и можно е уште летово да си замине од клубот.

Освен хрватскиот првак, за Сатријано се интересираат и француските Лил, Брест, Монпелје и Ленс.

 

- Оглас -

Најнови вести