Динамо сепак не успеа да го регистрира Адеми за Лигата на конференции

Хрватскиот шампион Динамо Загреб сепак не успеа да го регистрира македонскиот репрезентативец Аријан Адеми за настапите во Лигата на конференции, пишува Јутарњи лист.

Управата на Динамо во текот на вчерашниот ден се обидуваше да го комплетира трансферот на Адеми од Пекинг, но поради временската разлика со Кина, не успеа во намерата.

Сепак, во Динамо се убедени дека Адеми повторно ќе го облече дресот на Модрите и ќе настапува во хрватскиот шампионат, каде што сезонава шампионски амбиции има Хајдук Сплит, кој славеше во првиот меѓусебен дуел кој се играше во Загреб.

- Оглас -

Најнови вести