Динамо со пласманот во ЛШ заработи вистинско богатство, но им донесе и по милион евра на останатите хрватски клубови

Динамо Загреб со Стефан Ристовски и Аријан Адеми од следниот месец ќе игра во групната фаза на Лигата на шампионите, откако со вкупни 5-0 го елиминираше шампионот на Азербејџан, Карабаг.

Клубот од Загреб со пласманот во Лигата на шампионите веќе има заработено 34 милиони евра, а секој бод што ќе го освои во групната фаза ќе му донесе по дополнителни 700.000 евра.

Сепак, корист од пласманот на Динамо во групната фаза ќе имаат и останатите клубови од првенството на Хрватска. Така секој прволигаш ќе добие по околу еден милион евра од солидарниот фонд на УЕФА, а точната сума ќе биде позната кога европската куќа на фудбалот ќе ја соопшто заработката од оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести