Динамо со предност од два гола ќе патува во Солун, Милан и Марсеј со едната нога се во следната фаза (Видео)

Фудбалерите на Динамо Загреб со убава предност од 2-0 ќе патува на реваншот против ПАОК во Солун следниот четврток. Загребските „модри“ одиграа одличен натпревар и со двата гола на капитенот Бруно Петковиќ, во 37-мата и 71-вата минута дојдоа до победата против грчкиот претставник во Конференциската лига.

Столб на одбраната на Динамо Загреб беше македонскиот интернационалец Стефан Ристовски, кој заедно со соиграчите беа одлични и не му дозволија на противникот да упати удар во рамките на нивниот гол.

Најубедливата победа вечерва беше постигната во Лигата на Европа, на дуелот во кој Марсеј со 4-0 го победи Виљареал, а одлична предност има и Милан, кој на домашен терен славеше со 4-2 над Славија Прага.

Резултати – Лига Европа:

Милан – Славија Прага 4-2
Бенфика – Глазгов Ренџерс 2-2
Фрајбург – Вест хем 1-0
Марсеј – Виљареал 4-0

Резултати – Конференциска лига:

Динамо Загреб – ПАОК 2-0
Макаби Хаифа – Фиорентина 3-4
Ројал Унион – Фенербахче 0-3
Сервет – Викторија Плзен 0-0

- Оглас -

Најнови вести