Динамо со жесток одговор до АЕК, се огласија и БББ, кои меѓу редови објавуваат дека убиецот бил Грк!

Откако атинскиот АЕК побара Динамо Загреб да биде исфрлен од европските купови, а полицијата уште истражува дали убиецот кој во индицентот завчера вечер со нож го прободел сега покојниот навивач на АЕК, Михалис Кацурис, со соопштение се јавија и Модрите, за кои игра Стефан Ристовски.

Загрепскиот клуб ги осуди нередите, повтори дека за насилството нема место во цивилизираниот свет, но сметаат дека со својот однос и агресивен и подбуцнувачки речник, АЕК бега од одговорност и дополнително ги крева тензиите. На динамовци им е несфатливо како човечка трагедија се користи за лична промоција и ги обвинија АЕК и грчката полиција како главни виновници за случувањата.

До овој момент не е познато дали убиецот на Михалис бил хрватски или грчки државјанин. Се појавија шпекулации дека можеби е Грк навивач на Панатинаикос, затоа што биле најдени отпечатоци од грчки државјанин, а и во минатото со ист таков нож бил убиен друг грчки навивач.

Се огласија и од навивачката група Бед Блус Бојс. Тие на социјалните мрежи објавија фотографија на која има пречкртан нож, со што сакаат да порачаат дека не користат ножеви во пресметките со ривалите, индиректно најавувајќи дека човекот кој посегна по нож и го прободе фанот на АЕК не е нивен член. А, ако не е нивен, тогаш е од збратимената навивачка група на Панатинаикос, кои беа со нив во нередите и кои по социјалните мрежи го „слават“ убиството на ривалскиот навивач.

- Оглас -

Најнови вести