Хајдук и Динамо Загреб вечерва во Сплит ќе водат полуфинална битка од Купот на Хрватска, и тоа без капитените. Кај Хајдук ќе го нема Марко Ливаја, додека Модрите ќе бидат без Аријан Адеми.
Адеми има мала повреда на зглобот на ногата, а иако вчера го издржал тренингот, поради претпазливост доби поштеда за денеска и не отпатува со екипата во Сплит.
Динамо пред четири дена го победи Хајдук во Сплит во лигашки меч и остана во трка со Риека за титулата, а денеска најлутите хрватски ривали ќе решат кој од нив ќе игра финале на Купот. Хајдук има шанса да му се реваншира на Динамо, а гостите имаат прилика да го „дотепаат“ ривалот и да го исфрлат и од купот откако го оддалечија од битката за титулата во првенството.