Динамо верува дека може да направи чудо во Манчестер – коефициентот за тоа е 28

Динамо Загреб имаше одличен старт во Лигата на шампионите откако со 4:0 ја растури Аталанта и го зазеде првото место во групата каде што се уште и Манчестер сити и Шахтар. Хрватскиот првак утре ќе го има најголемиот предизвик, гостува во Манчестер кај Сити. Англискиот првак е во одлична форма, посебно се опасни во нападот, но тоа не го плаши тренерот на Модрите, Ненад Бјелица.

„Очекувањата секогаш се исти. Мора да одиграме најдобро што знаеме за да се обидеме да победиме. Ќе одиме да уживаме и да се обидеме да се вратиме со победа. Против Аталанта покажавме дека имаме квалитет. За мене не вреди тоа дека е добро да се учествува, ние сакаме да победиме. Ќе ни треба многу среќа, но ќе дадеме сѐ од себе. Парите не се пресудни. Да се гледаше по парите, секогаш ќе се знаеше кој тим ќе биде првак. За да се стигне до победа, многу е важно да се има и срце. Тоа ги добива натпреварите. Знаеме дека Манчестер во офанзивниот дел е перфектен, но фактот дека двајцата стопери им се повредени е нашата шанса“, рече тренерот на Динамо, Бјелица.

 

- Оглас -

Најнови вести