Динамо Загреб по првото полувреме има водство од 2:1 против Рапид Виена во четвртото коло од групата „Х“ во Лигата на Европа.
Без Аријан Адеми, кој е повреден, како и Стефан Ристовски, кој се наоѓа на клупата, Модрите се еден чекор напред пред својот противник во борбата за три важни бода.
Андриќ и Петковиќ погодија за пресврт откако на самиот старт гостите „отворија“ преку Кнаусмулнер.
Црвена ѕвезда, пак, игра 0:0 против Митјиланд во исто така важен натпревар за нив.
Но, од 12-тата минута домаќините останаа со играч помалку, откако Милош Дегенек спречи контра и го фаулира противникот.
За шампионот на Србија ова можеби е и најважната средба во борбата за првото место во групата „Ф“, каде што моментален лидер е Брага.