Екипата на Динамо Загреб со втора победа, овојпат на гостински терен од 0-2 над Карабаг и со вкупни 5-0 обезбеди пласман во групната фаза на Лигата на шампионите. Во составот од Загреб вечерва не беа нашите Стефан Ристовски и Аријан Адеми, но и без нив избраниците на тренерот Јакировиќ забележаа победа со евроголот на Пјаца и автоголот на Силва.
Македонија во новата сезона ќе има четворица претставници во групната фаза на Лигата на шампионите, каде освен Ристовски и Адеми, ќе играат и Елиф Елмас со Лајпциг и Бојан Миовски со Жирона.