Динамо Загреб до 94 минута губеше, а на крајот победи!

Хрватскиот првак Динамо Загреб на неверојатен начин дојде до три бода во дуелот против градскиот ривал Локомотива. На стадионот „Максимир“, Локомотива поведе со 1:0 и тоа со голо постигнат уште во четвртата минута.

Предноста на гостинскиот тим беше се последните моменти, а тогаш се случи чудо. Судијата покажа дека ќе се играат девет минути дополнително време, што беше повеќе од доволно Модрите да направат целосен пресврт.

Најпрво Мартин Батурина погоди за 1:1 во 90+5 минута, откако најдобро се снајде по еден изведен корнер. Овој погодок не беше крај на возбудувањата. Само 100-тина секунди подоцна, јапонскиот интернационалец Такуро Канеко кој влезе како резерва во второто полувреме, постигна втор гол за Динамо и го комплетираше големиот пресврт.

Некогашниот македонски репрезентативец Стефан Ристовски го одигра целиот меч додека капитенот на Динамо и актуелен македонски репрезентативец, Аријан Адеми на теренот беше до 86 минута.

Со оваа победа Динамо стигна до 22 бодови од 11 натпревари и сега е на третото место на табелата. Пред Модрите се лидерот Риека со 26 бодови и Хајдук со 24 бодови, но овие два тима имаат одиграно по 12 средби во првенството.

- Оглас -

Најнови вести