21.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025

Динамо Загреб донесе бразилско чудо што има само 14 години, Сирино дрибла како Нејмар (Видео)

Динамо Загреб донесе вистински фудбалски бисер од Бразил, дете кое има само 14 години, а Рафаел Гомеш Сирино веќе е приклучен во Академијата на хрватскиот гигант.

Неговиот татко е градежен работник во Хрватска, па Динамо успеа да договори малиот Сирино да тренира во нивната школа за таленти.

И веднаш излезе видеоматеријал на кој се прикажани фудбалски вештини на малиот фудбалер, кој дрибла како Нејмар.

Прекар веќе има, го нарекуваат Белињо, а така и му пишува на дресот на видеоматеријалот кој е снимен пред три години.

 

- Оглас -

Најнови вести