Динамо Загреб низ изминативе години покажува како треба да работи еден балкански клуб кој има големи амбиции, а воедно и да прави добра заработка на трансфер-пазарите.
Хрватскиот шампион редовно купува млади играчи, коишто неколку години ги чува во својот тим, а потоа заминуваат во најсилните лиги.
Такви се случаите со неколку хрватски репрезентативци, а последен беше Дани Олмо, кој премина во редовите на РБ Лајпциг, и тоа за сума од 30 милиони евра.
Шпанецот дојде во Динамо беспари, и тоа од Барселона Б како младински капитен.
Модрите пронајдоа уште еден суперталент, овојпат од Босна и Херцеговина, а станува збор за 18-годишниот играч Петар Сушиќ.
Динамо ќе му исплати 200 илјади евра на Зрињски, а овој фудбалер настапува за младиот тим на премиерлигашот од БиХ.
Во досегашниот тек на сезоната Сушиќ има пет гола на 13 натпревари.

