Загрепски Динамо по 25-ти пат е шампион на Хрватска, а голот со кој Модрите ја осигураа титулата беше дело на капитенот и македонски интернационалец, Аријан Адеми.
Адеми даде гол со глава во 72-рата минута за победа од 1-0 против Осијек. За Динамо игра и Стефан Ристовски, па двајца Македонци ќе прославуваат титула во оваа турбулентна сезона во која и Хајдук и Ријека се заканија, но Динамо ја продолжи доминацијата и покажа дека е број 1 во Хрватска.
Погледнете го голот на Адеми, негов втор сезонава: