Динамо Загреб го повлече дресот со број 5 во чест на Аријан Адеми!

Голем гест на Динамо Загреб! Раководството на клубот одлучи привремено да го повлече дресот со број 5 и да го чува за Аријан Адеми. Нашиот репрезентативец во Динамо пристигна во 2010 година од Шибеник, а сега потпиша за кинескиот Пекинг Гуон. Според одлуката на раководството на клубот, дресот со број 5 нема да може да го носи ниту еден фудбалер додека Адеми активно игра фудбал.

Очекувањата се дека Аријан Адеми ќе се врати во Динамо Загреб и тука ќе ја заврши кариерата. Големиот капитен на Динамо во дресот на загрепчани одигра 219 натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести